Свет Балкан Снегот го парализира аеродромот во Истанбул

Снегот го парализира аеродромот во Истанбул

Во изминатите три часа, поради снежно невреме, откажани се сите летови од најголемиот турски аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Авионскиот сообраќај полека се нормализира.

Четвртата по големина авиокомпанија во Европа, „Туркиш ерлајнс“, откажа 200 летови закажани за денеска и за утре, поради неповолните временски услови, стои во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Уште еден турски авиопревозник, високобуџетниот „Пегасус“, исто така откажа одреден број летови од аеродромот во Истанбул.