Дописници Снегот донесе убавина и нови штети во Охрид

Снегот донесе убавина и нови штети во Охрид

Поплавени сообраќајници и паркови и урнати дрвја им донесе невремето на охриѓани.

Најновите врнежи од снег, а пред тоа дождот и ветерот, не им создадоа некои посебни проблеми на охриѓани, освен на пешаците кои тешко се движат по коловозирте и по тротоарите.

Пред да се интензивираат снежните врнежи, во Охрид врнеше дожд, проследен со силен ветер, кој го разбрани езерото. Брановите ги префрлаа бетонските огради и ги опсипуваа со вода најблиските сообраќајници во близина на брегот.

Парковите се половично под вода.

 

 

В.М.