Свет Европа Сменет шефот на полицијата во Келн поради нападите врз жени за новогодишната...

Сменет шефот на полицијата во Келн поради нападите врз жени за новогодишната ноќ

Шефот на полицијата во Келн, Волфганг Алберс, е сменет од должност по критиките за несоодветното реагирањето на безбедносните сили на насилните инциденти за време на новогодишната ноќ, јавува „Ројтерс“.

Германската јавност е во шок по откривањето дека на 31 декември дошло до повеќе сексуални напади, силувања и разбојништва врз жени во неколку поголеми германски градови, од страна на мажи од Северна Африка.

Полицијата тврди дека повеќе од десетина жени пријавиле дека биле сексуално нападнати и ограбени за време на новогодишната ноќ. Биле поднесени најмалку 90 кривични пријави, вклучително и една пријава за силување.