Економија Словенија ќе даде 30.000 евра хуманитарна помош за поплавените подрачја

Словенија ќе даде 30.000 евра хуманитарна помош за поплавените подрачја

Владата на Република Словенија донела дополнителна одлука да намени хуманитарна помош за погоденото население во висина од 30.000 евра, известија од словенечката амбасада во Скопје.

– Со паричната помош, која ќе биде испратена преку Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), Република Словенија сака да придонесе за отстранување на последиците од невремето и за намалување на ризиците за несреќи во иднина – се вели во соопштението на амбасадата.

Воедно, оттаму потсетуваат дека владата на Словенија веднаш по катастрофалните поплави во Македонија, одговорила на барањето на Македонија и испратила стручњак за координација во отстранувањето на последиците од несреќата, во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.