Свет Европа Словенија го пушти возот со 150 бегалци

Словенија го пушти возот со 150 бегалци

Словенечката полиција ги пушти 150-те бегалци што со воз од Хрватска дојдоа до границата за да влезат во земјата.

Трите вагони со бегалци вчера беа исклучени од композицијата, а полицијата претходно соопшти дека ќе ги врати бегалците во Хрватска.

Возот со околу 150 мигранти што словенечките власти го запреа вчера во Добова, на границата со Хрватска, сепак влезе во Словенија иако бегалците ги немаат потребните документи за влез во државата. Тие ќе бидат сместени во центарот за странци во Постојна.

Ова е прва група бегалци што влегува во Словенија откако нивниот прилив од Србија е запрен поради затварањето на унгарската граница, по што тие се обидуваат преку Хрватска и Словенија да стигнат до Западна и до Северна Европа.