Свет Балкан Словачки автобус се преврте кај Алексинац, пет лица загинаа

Словачки автобус се преврте кај Алексинац, пет лица загинаа

Пет лица загинаа, а 26 се повредени откако словачки автобус утринава се преврти во близина на Алексинац, на автопатот Белград – Ниш.

Како што јавуваат српските медиуми, автобусот со 29 патници и со двајца возачи се враќал од Крф, Грција.

Спасувачките екипи згрижиле 26 патници, додека петмина патници останале заробени под превртениот автобус.