Македонија Словачка ќе испрати полицајци во Македонија за да помогнат во обезбедување на...

Словачка ќе испрати полицајци во Македонија за да помогнат во обезбедување на границата

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска соопшти дека официјална Братислава ќе испрати 25 полицајци што ќе ѝ помагаат на Македонија да ја обезбедува границата во ситуацијата на засилен протек на мигранти кон Европската унија.

– Словачката влада, која идната недела ќе го одобри испраќањето полициски службеници во Македонија од февруари, веројатно ќе ја продолжи и мисијата од 20 лица во Словенија – рече Фицо, додавајќи дека се подготвени да им помогнат и на други земји.
Словачка досега има испратено 50 полициски службеници во Унгарија за справување со бегалската криза.