Македонија Словачка амбасада: Веродостојни избори се услов за враќање на патот кон ЕУ

Словачка амбасада: Веродостојни избори се услов за враќање на патот кон ЕУ

Словачкото претседателство со Европската Унија ја поздрави одлуката на лидерите на четирите политички партии за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември, соопшти за „Мета“ Амбасадата на Словачка во Македонија.

„Фер, инклузивни, а со тоа и веродостојни избори се важен чекор за надминување на политичката криза. Истрајноста и добрата волја да се имплементираат обврските од Договорот од Пржино, вклучувајќи ги и итните реформи, се услов за враќањето на вашата земја на патот кон Брисел“, стои во реакцијата на амбасадата.