Свет Европа Слета авионот на „Вирџин Атлантик“

Слета авионот на „Вирџин Атлантик“

Авионот на „Врџин Атлантик“ слета на аеродромот „Гетвик“ откако четири часа кружеше над југоистокот на Англија. На авионот при полетување му откажа десната страна од опремата за слетување.

Летот „ВС43“ од Лондон за Лас Вегас кружеше над Лондон додека експертите се обидуваа да најдат начин како „боингот 747“ безбедно да се приземји без едно тркало.
„Врџин Атлантик“ потврдија дека имало проблем со десната страна од опремата за слетување и дека авионот е принуден да слета вонредно.