Македонија Следува период на суво време

Следува период на суво време

Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, а на планините снег. Дуваше умерен ветер од јужен правец, кој во Битола достигнуваше брзина до 60 километри на час.

Врнежите од дожд се прошируваа од запад кон исток, а беа пообилни на југозападот на земјата.

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно. До крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност, вели прогнозата на УХМР Македонија.