Македонија Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

На 22 април, во Македонија ќе допатуваат членовите на работната група на Советот на Европската унија, задолжена за Западен Балкан, потврдуваат службите во Брисел.

Посетата на претставниците на Советот е дополнителен знак на загриженост на ЕУ за политичката криза во Македонија, бидејќи таа е на директен предлог на земјите-членки на ЕУ.

Македонија, најверојатно, ќе се спомене и во заклучоците на следниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој ќе се одржи на 20 и на 21 април во Луксембург.

Предлогот Македонија да биде дел од заклучоците доаѓа од земји како Словенија, Шведска и Бугарија.

Според дипломатите на земјите-членки, ЕУ губи трпение поради Македонија.

Во текот на оваа недела би требало да стане појасно што ќе содржат претстојните заклучоци на Советот.