Македонија Следната година е рокот кога граѓаните треба да ги заменат личните документи

Следната година е рокот кога граѓаните треба да ги заменат личните документи

Во однос на зголемувањето на цените за вадење нови лични документи, министерот Спасовски рече дека тоа се должи на зголемените цени на репроматеријалите

Фото: Архива на Мета

Следната 2024 година е рокот во кој треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот и Законот за јазиците, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во однос на зголемувањето на цените за вадење нови лични документи, Спасовски рече дека тоа се должи на зголемените цени на репроматеријалите.

Инаку, во март годинава, личната карта од 190 денари поскапе на 310 денари. Пасошот за лицата над 27 години од 1.500 денари стана 2.000 денари, а возачката дозвола од 280 поскапе на 410 денари.

„Ние објаснивме дека за 90 проценти се зголемени цените на репроматеријалите и затоа направивме зголемување кое што не е големо, имајќи предвид дека утврдивме два вида на цени. Оние кои ги менуваат пасошите на пет години, значи до 27 години, имаат иста цена на услуги, додека за остатокот имајќи предвид дека е 10 години важечкиот документ, цената е зголемена незначително за да можеме практично да ги остваруваме тие функции“, вели Спасовски.