Македонија Слаби земјотреси во Охридско и утрово

Слаби земјотреси во Охридско и утрово

Земјотрес со сила од 2, 6 степени според европската макросеизмичка скала утрово во 8.31 часот е регистриран на 7 километри североисточно од Охрид, а бил на длабочина од еден километар, покажува извештајот на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Претходно во текот на ноќта, во 4.20 часот, се случил речиси ист таков потрес, со сила од 2,5 степени. Длабочината била исто така еден километар, а се случил 2 километри на североисток од земјотресот утрово, односно на 9 километри од Охрид.

Од 18 јуни во Охридско-струшкиот Регион се регистрирани повеќе од илјада земјотреси со различна сила.