Спорт Скопско ракометно дерби во „Борис Трајковски“

Скопско ракометно дерби во „Борис Трајковски“

Македонското дерби во ракометната СЕХА-лига помеѓу екипите на Металург и Вардар ќе се одигра денеска во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 20.15 часот.

Вардар е на третата позиција со 21 бод од девет натпревари, додека Металург е на шестата од седум натревари со 11 бодови.

Денеска од 20 часот играат и Борац (Босна и Херцеговина) и Мешков Брест (Белорусија).