Македонија Скопскиот маратон се одржа симболично

Скопскиот маратон се одржа симболично

Дел од маратонците пријавени на скопскиот маратон утринава се појавија на стартот и покрај тоа што тој е откажан. Тие симболично ќе трчаат, а се собраа на кејот на Вардар и си организираа свој маратон.

Скопскиот маратон е откажан поради вчерашните случувања во Куманово. Организаторите на маратонот велат дека информацијата за откажувањето ја добиле од медиумите, без да бидат инфромирани од коорганизаторот, Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи.

Од МВР потврдија дека маратонот е откажан поради загинатите полицајци во Куманово, но за повеќе детали за маратонот упатија кон Град Скопје.