Македонија Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември поради снимање филм

Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември поради снимање филм

Од утре до 28 сепетември, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај секој работен ден од 7 до 19 часот, од клучката кај Хиподром до клучката во Сарај, поради снимање на францускиот игран филм „2015 A Fond“, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината кај Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Филмот ќе се снима во периодот од 3 септември до 25 октомври, на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75, како и на патарината кај Петровец.