Хроника Скопје: Украдени пиштол и накит во вредност од 260.000 денари

Скопје: Украдени пиштол и накит во вредност од 260.000 денари

Непознат сторител вчера упаднал во куќата на М.М. (36), на улица Исаија Мажовски во Скопје,  при што украл пиштол „чешка зброевка“ и разновиден златен накит, со што на сопственикот му причинил материјална штета од околу 260.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.