Македонија „Скопје травел маркет 2015“ ќе почне на 7 мај

„Скопје травел маркет 2015“ ќе почне на 7 мај

Меѓународниот саем за туризам „Скопје травел маркет 2015“ ќе почне утре и ќе трае до 10 мај. На овој петти по ред саем ќе се претстават туристички агенции, хотели и тур-оператори од кај нас и од странство.

На саемот свое претставување ќе има и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) за промоција на македонскиот туризам, како и за зголемување на бројот на туристи.

Во првите два месеци од оваа година има пораст од 25 проценти на странски туристи, а до 2020 година проекциите се дека туризмот ќе учествува со 5 проценти во БДП.