Македонија „Скопје сити мол“ дневно има 30.000 посетители

„Скопје сити мол“ дневно има 30.000 посетители

Трговскиот центар „Скопје сити мол“, во деновите пред Нова година, дневно го посетувале 30.000 посетители, информираат оттаму.

Низ продавниците и ходниците се забележува метеж, а долго се чека и за влез на паркиралиштето на трговскиот.

Како причини за зголемената посетеност се попустите, традиционалното купување новогодишни подароци, но и настаните за анимација на најмладите.