Македонија Скопјанка измамена на Фејсбук, ѝ ветил дека ќе најде работа за син...

Скопјанка измамена на Фејсбук, ѝ ветил дека ќе најде работа за син ѝ во Германија

Жената на различни банкарски сметки му уплатила над 13.000 денари - наводно за обезбедување на потребните документи, по што лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари

Фото: Nikita Belokhonov: https://www.pexels.com/photo/anonymous-hacker-with-on-laptop-in-white-room-5829726/

Жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена од лице кое се претставувало како посредник за работа во странство, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според пријавеното, 53-годишната скопјанка стапила во контакт со лицето преку социјалната мрежа Фејсбук, каде тој ѝ ветил оти ќе пронајде работа во Германија за нејзиниот син.

Во периодот од 12 октомври до 10 ноември, жената на различни банкарски сметки на лицето му уплатила вкупно 13.516 денари – наводно за обезбедување на потребните документи.

Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.