Хроника Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Синоќа, околу 22.45 часот, при контрола на автомобил на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Демир Капија, полициска екипа во багажникот на возилото открила двајца илегални мигранти од Пакистан, информира МВР.

Станува збор за возило, марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал 23-годишниот Н.Н. од Скопје.

Како што информираат од МВР, возачот бил приведен и задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти.

Мигратите, додаваат од полицијата, ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.