Хроника Скопјанец нападнат од насилници што првин удирале по неговиот автомобил

Скопјанец нападнат од насилници што првин удирале по неговиот автомобил

Тројца засега непознати насилници вчера приредиле хорор на скопјанец, неговата сопруга и на нивните две деца, откако првин почнале да удираат по нивниот автомобилот, а потоа, кога возачот излегол надвор, го нападнале пред очите на децата и на сопругата.

Како што извести СВР Скопје, случајот го пријавил Д.М., кој рекол дека вчера, околу 17 часот, на улицата Антоние Грубишиќ во Центар, три непознати лица почнале да удираат по неговиот автомобил, потоа, кога излегол, го тепале и му нанеле телесни повреди, а потоа заминале со автомобил со скопски регистерски таблички.

Полицијата трага по сторителите.