Хроника Скопјанец избркал вооружен разбојник од продавница во Автокоманда

Скопјанец избркал вооружен разбојник од продавница во Автокоманда

Педесет и двегодишен скопјанец вчера бил приведен под сомнеж дека истиот ден, заканувајќи се со пиштол, извршил разбојништво во продавница во населбата Автокоманда, информираат од полицијата.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 17.30 часот, во продавницата „Ники-нада“ на улицата Трифун Хаџијанев. Разбојникот со пиштол му се заканил на Д.С. (56) од Скопје, кој, пак, се спротиставил и го удрил напаѓачот со дрвен предмет. Изненаден од реакцијата на својата жртва, разбојникот побегнал од продавницата со плен од 150 денари. По кратко време, полицијата го привела Ш.Г. (52) поради сомневање дека е можен сторител на разбојништвото.

По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава против Ш.Г., кој, како што информираат од МВР, во нивната крим-евиденција е регистриран за сторени повеќе кривични дела.