Македонија Скопјанец со кривична пријава, на Фејсбук злоупотребил лични податоци на сопругата

Скопјанец со кривична пријава, на Фејсбук злоупотребил лични податоци на сопругата

Сопругот ги злоупотребил личните податоци на жена му и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци

Photo by Solen Feyissa on Unsplash

Ги злоупотребил личните податоци на сопругата за да напише коментари со навредлива содржина на Фејсбук профилот на сестрата на неговата сопруга. Поради ова, 40 годишен маж заработи кривична пријава за злоупотреба на лични податоци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик. На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни“, се наведува во соопштението на МВР.