Главна секција СЈО в четврток ќе отвори две нови истраги

СЈО в четврток ќе отвори две нови истраги

Специјалното јавно обвинителство најави дека в четврток во 11 часот на прес-конференција ќе отвори две нови истраги.

Ова од обвинителството го соопштија преку „Твитер“, но и на официјалната веб-страница и на фејсбук-профилот на СЈО.

Последната прес-конференција на СЈО беше на 28 септември, кога обвинителството отвори нова истрага наречена „Трезор“, во која осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, во истражната постапка било утврдено дека четвртоосомничениот им помогнал на првите тројца осомничени да ѝ овозможат на компанијата „Финзи“, со која управувал сега починатиот Коста Крпач, да оствари имотна корист во вредност од 862.045 евра.