Македонија СЈО почна да ги носи доказите за обвиненијата во Кривичниот суд

СЈО почна да ги носи доказите за обвиненијата во Кривичниот суд

Тимови на СЈО попладнево, по прес-конференцијата на која специјалната обвинителка Катица Јанева објави дека поднесува 17 обвиненија против 94 физички и седум правни лица, почнаа со пренесување на доказниот материјал во Основниот суд Скопје 1.

Доказите, спакувани во десетици кутии, со комбиња беа пренесени во Кривичниот суд, а како што најави Јанева, денеска и утре континуирано ќе се носат во судот доказите за предметите за кои се поднесени обвиненија.

Специјалната обвинителка истакна дека за процесуирањето нема да се чека завршувањето на судската ферија – која обично почнува на 15 јули, а завршува на почетокот на септмври – туку дека судот мора веднаш, во рок од 24 часа, да почне со постапките бидејќи има итни предмети во кои се бара притвор за обвинетите.