Македонија СЈО не смее да води истражни постапки по истекот на рокот, сметаат...

СЈО не смее да води истражни постапки по истекот на рокот, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Во согласност со член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, овој орган за селективен прогон не смее да води истражни постапки по истекот на 18 месеци од денот на преземањето на предметите и на материјалите во негова надлежност, изјави на прес-конференција Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека СЈО не смее да се става над законот дека секој нов прогон и „тормозење“ кое СЈО ќе го врши, ќе биде противзаконски и ќе биде основа за одговорност.

– СЈО е должно сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник. Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето претставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво според закон – додаде Павлоски.