Македонија СЈО ја обжали одлуката на судот за (не)притворот на Кочан

СЈО ја обжали одлуката на судот за (не)притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство денеска поднело жалба на решението на судијата на претходна постапка со која го отфрли барањето на СЈО да му биде определен притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, соопштија попладнево од канцеларијата на Катица Јанева.

Според Законот за кривична постапка, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 има рок од 48 часа да одлучи по жалбата на СЈО.

Од Специјалното јавно обвинителство ги демантираат како „целосно невистинити шпекулациите во одредени медиуми дека обвинителката Фатиме Фетаи нема да биде дел од СЈО“.

Дел од провладините медиуми денеска објавија информација дека Фетаи си заминува од СЈО поради наводен судир со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.