Свет Сириската војска тврди дека контролира повеќе од половина од источниот дел на...

Сириската војска тврди дека контролира повеќе од половина од источниот дел на Алепо

Сириската војска ја презела контролата на повеќе од 50 осто од источното подрачје на Алепо, кое го држеа бунтовничките сили, изјавил денеска потрпаролот на сириската војска, генералот Самир Сулејман.

Сулејман за „Би-би-си“ вели оти се надева дека за неколку недели целиот град ќе биде во рацете на државните сили.

Сириската војска во изминатите три недели од бунтовниците презеде големи подрачја од источниот дел на Алепо, кој е втор по големина град во Сирија.

Според претходните извештаи, силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад освоиле две третини од територијата која беше под контрола на бунтовниците. Во деловите од Алепо кои се под опсада, има околу 250.000 луѓе, а досега се раселени неколку десетини илјади.

Обединетите нации, како што пренесува „Би-би-си“, неделава соопштиле дека ситуацијата во источниот дел на Алепо е толку влошена што хируршките интервенции се изведуваат без анестезија.