Свет Сириската војска и руските авиони ослободиле аеродром во Алепо

Сириската војска и руските авиони ослободиле аеродром во Алепо

Министерство за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските воздухопловни сили ѝ помогнале на руската војска да ја разбие опсадата на воениот аеродром Квеирас, во провинцијата Алепо.

Руските воздухопловни сили во последните два дена во 85 лета погодиле 277 терористички цели во Сирија, наведе руското министерство.

Руските воздухопловни сили, исто така, со „хируршки прецизни удари“ ги осуетиле плановите на терористите да извршат офанзива на градот Хама од повеќе правци, соопшти портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Информациите на руското министерство денеска го потврдија и извори од сириската опозиција, како и претставници на сириските владини сили.