Свет Сирил Рамафоса е новиот претседател на Јужна Африка

Сирил Рамафоса е новиот претседател на Јужна Африка

Сирил Рамафоса е избран за нов претседател на Јужна Африка, откако неговиот претходник, Џејкоб Зума мораше да си поднесе оставка, јавуваат светските агенции.

Рамафоса, кој е лидер на Африканскиот национален конгрес (АНЦ) беше единствен кандидат за претседател.

Раководството на АНЦ побара од Зума, кој е вмешан во неколку корупциски скандали, да поднесе оставка и му даде рок од 48 часа да донесе одлука.

Зума, кој беше на власт од 2009 година, ги негира сите обвинувања за корупција.