Хроника Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Против двајца сиријски државјани се поднесени кривични пријави откако полицијата на граничниот премин Табановце утврдила дека личните документи што ги дале за проверка се фалсификати.

Кривичните пријави ги поднел Регионалниот центар за гранични работи – Север, и според пријавите сиријските државјани се товарат за фалсификување лични документи.

Осомничените, на преминот Табановце, на увид дале германска и унгарска лична карта, за кои, по извршените проверки, полицијата утврдила дека се фалсификувани.

Во разговор со полицијата, сиријските државјани изјавиле дека во земјата влегле илегално, преку див премин во близина на граничниот премин Богородица, а лажните лични карти ги набавиле од Атина, од лице со ирачко потекло, и за нив платиле 1.000 евра.