Свет Сирија: За пет месеци се убиени 1.600 џихадисти

Сирија: За пет месеци се убиени 1.600 џихадисти

Повеќе од 1.600 лица загинаа во петмесечните напади што ги изведе коалицијата предводена од САД против милитантите на Исламска држава во Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права.

Во извештајот се наведува дека покрај припадниците на ИД и на сирискиот разгранок на Ал Каеда, Фронт ал-носра, загинале и 62 цивили.