Свет Сирија: Руските воздушни сили ракетирале болница во Сармин

Сирија: Руските воздушни сили ракетирале болница во Сармин

Во руските воздушните напади на северозападот на Сирија, во провинцијата Идлиб, е ракетирана болница, при што загинале 12 лица, меѓу кои има и медицински персонал.

Според соопштението на Опсерваторијата за човекови права, нападот се случил завчера, во градот Сармин.

Сириско-американското здружение на својата фејсбук-страница соопшти дека болницата била мета на напад при кој загинале двајца медицинари и оти објектот е тешко оштетен. Здружението додава дека мета на руските воздушни напади од 19 октомври биле и две болници во Алепо, поради што морале да ги евакуираат пациентите и да ги затворат болниците.

Сириската новинска агенција јавува дека во руските напади е уништен терористички штаб во Сармин, но болницата не се споменува.