Свет Сирија: Повеќе од 1.000 џихадисти убиени од почетокот на нападите врз ИД

Сирија: Повеќе од 1.000 џихадисти убиени од почетокот на нападите врз ИД

Повеќе од 1.100 џихадисти се убиени во Сирија од почетокот на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон.

Според податоците на организацијата, собрани од активисти и од жители на Сирија, од почетокот на воздухопловната кампања, 1.171 лице загинало, од кои 1.119 биле членови на екстремистичката сунитска организација Исламска држава (ИД) или на сирискиот разгранок на Ал Каеда,Фронт на победата, додека останатите 52 лица биле цивили.