Свет Свет Сирија: Асад го прифаќа примирјето, а опозицијата е внимателна

Сирија: Асад го прифаќа примирјето, а опозицијата е внимателна

Сириското министерството за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Башар ал Асад го прифаќа примирјето што го договориле САД и Русија, но режимот ќе го смета за кршење на примирјето ако некои од вооружените сили го искористат прекинот на огнот за зацврстување на своите позиции.

Умерените опозициски групи на состанокот во Ријад се внимателни во врска со примирјето.

Високиот преговарачки комитет соопшти дека се согласил позитивно да одговори на меѓународните напори за постигнување примирје.

Сепак, се додава дека нивната согласност е условена и оти барат да престане опсадата на градовите, нападите на цивилите во Сирија, ослободување на затворениците и достава на хуманитарна помош.

Сириското претседателство денеска соопшти дека Асад распишал парламентарни избори за 13 април.

Последните парламентарни избори во Сирија беа во 2012 година, а се одржуваат на секои четири години.