Свет Европа Сириец се саморазнесе на фестивал во Германија

Сириец се саморазнесе на фестивал во Германија

Полицијата во јужниот германски град Ансбах денеска соопшти дека еден човек загинал кога експлозивната направа за која се верува дека ја носел била активирана во близина на еден музички фестивал. Експлозијата се случи синоќа.

Баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, изјави дека станува збор за 27-годишен сириски бегалец кој пристигнал во Германија пред две години. Нему пред една година му било одбиено барањето за азил, но сепак му било дозволено да остане во Германија поради конфликтот во Сирија.

Херман прецизира дека тој се разнесол откако не му бил дозволен влез на фестивалот бидејќи немал билет. Според Херман, сè уште не е јасно дали тој имал намера да убие и други луѓе или да изврши самоубиство.

Во експлозијата најмалку 12 луѓе биле повредени.