Свет Синот на Џо Бајден почина од рак

Синот на Џо Бајден почина од рак

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден соопшти дека неговиот син Бо починал од рак на мозокот. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека „целото семејство Бајден е тажно, но дека духот на Бо ќе живее со нив“.

Бо Бајден бил јавен обвинител, а потоа работел во адвокатска канцеларија. Тој служел и во Ирак како капетан на Националната гарда. Синот на Бајден преживеал мозочен удар во 2010 година, а минатата година бил подложен на третман против рак во медицински центар во Тексас.