Македонија Синоќа се случи сообраќајна несреќа кај Соборниот храм, потешко повредено 20-годишно момче

Синоќа се случи сообраќајна несреќа кај Соборниот храм, потешко повредено 20-годишно момче

Фото: МВР

Во сударот кој синоќа се случи околу 21 часот помеѓу булеварите Партизански одреди и Свети Климент Охридски во центарот на Скопје учествувале повеќе возила. Едно од возилата удрило и во споменикот на Свети Климент Охридски.

Повредени се неколку луѓе, од кои едно 20-годишно момче имало потешки повреди. Покрај полицијата, интервенирала и Итната помош.

Автомобил по судирот се удрил во споменикот на Свети Климент Охридски, при што од јачината на ударот се активирале и воздушните перничиња.

Сообраќајната несреќа се случила на влажен коловоз и по студено време. За време на интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвиваше отежнато.