Хроника Син до смрт го претепал татко си во Битола

Син до смрт го претепал татко си во Битола

Утринава, околу 5.50 часот, во Полициската станица-Битола, Б.М.(55) од Битола пријавил дека го претепал својот татко Трајко М.(82).

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а од страна на лекар била константирана смрт.

Од страна на увидна екипа од СВР-Битола се врши увид и се работи на целосно расчистување на случајот.