Македонија Симоне Филипини: Време е за промени во Македонија

Симоне Филипини: Време е за промени во Македонија

Симоне Филипини, поранешната амбасадорка на Холандија во Македонија, на својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ излезе со порака дека е време за промени во Македонија.

„Време е за промени во Македонија. Со позитивно управување и со одговорно раководство, земјата може да се развива. Колку што можам да видам и да слушнам за тоа, на македонските граѓани им е доста од негативизам. Важно е дека Никола Димитров и сè поголем број загрижени и други лидери кои посветени, направија чекор“, пишува на профилот на Филипини.