Свет Балкан Силно невреме со грмежи и врнежи ја зафати Хрватска

Силно невреме со грмежи и врнежи ја зафати Хрватска

Цивилната заштита в недела скоро за целата земја објави портокалово метео предупредување

Фото: Принскрин IstraMet

Хрватскиот Хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде портокалово предупредување за целата земја. Тие соопштија дека засилена облачност со дожд, врнежи и грмежи веќе го зафати северниот и дел од централниот Јадран, а ќе се прошири кон јужниот и кон западните краеви на внатрешноста, а најдоцна до доцните попладневни часови ќе стигне до Славонија.

„Истовремено можна е и посилна бура со грмотевици, поверојатно долж брегот. Највисоката дневна температура е претежно од 27 до 32, во Славонија и во внатрешноста на Далмација до 36 °C“, информираат од ДХМЗ.

Цивилната заштита в недела скоро за целата земја објави портокалово метео предупредување. Локално можна е појава на грмежи и град.

„Подгответе се за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на ветер и град. Можни се прекини во активностите на отворено и сообраќајот“,  предупредија од хрватската хидрометереолошка служба.