Свет Европа Силна експлозија во Франција, четири лица повредени

Силна експлозија во Франција, четири лица повредени

Најмалку четири лица се повредени, а две се водат како исчезнати во експлозија што денеска се случи во станбена зграда во Нормандија.

„Четири лица се повредени и префрлени во болница, едно лице се наоѓа во урнатините и комуницира со спасувачите, а две лица се водат како исчезнати“, соопшти жандармеријата во нормандиското место Нонанкур и додаде дека околу 30 лица се евакуирани од зградата.

Засега не се знае причината за експлозијата, но медиумите наведуваат дека најверојатно станува збор за плинска боца.