Свет Свет Силите на Асад напредуваат кон Алепо

Силите на Асад напредуваат кон Алепо

Сириската војска зазела повеќе клучни села северно од градот Алепо, со што би можело да дојде до пробивање на долгата опсада на двете шиитски места од страна на бунтовниците.

Владините сили ја обновиле безбедноста и стабилноста во селото Хардатнеен, пренесува сириската државна агенција САНА.
Преземањето на ова место го потврди и сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, која наведе дека сириските сили зазеле и дел од соседното место Ратјан.

Новото напредување на сириските сили доаѓа еден ден откако со поддршка на руската авијација, зазедоа други две села во истата област.

Со последните акции, сириските сили стигнале на пет километри од местата Нубол и Захра, кои се под контрола на режимската војска, но веќе две години се под опсада на бунтовниците.