Свет „Си-Ен-Ен“: Ештон Картер ќе го замени Чак Хејгл

„Си-Ен-Ен“: Ештон Картер ќе го замени Чак Хејгл

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да го номинира поранешниот претставник на Пентагот, Ештон Картер, за нов американски секретар за одбрана, јавува „Си-Ен-Ен“.

Картер, кој е поранешен заменик-секретар во одделот за одбрана, наводно е избран да го замени Чак Хејгел, кој поднесе оставка.

Портпаролот на Пентагон соопшти дека нема информации за ваквата одлука на Белата куќа, која засега одбива да даде какви било коментари.

Портпаролот на Картер засега одбива да го коментира ваквите информации.

Како што јавуваат американските медиуми, како можни замени за Хејгел се споменуваат имињата на поранешниот секретар на морнарицата, Ричард Дензиг, како и поранешниот помошник-секретар за источноазискиот и за пацифичкиот регион, Курт Кемпбел.