Свет Европа Швајцарците на референдум за намалување на имиграцијата

Швајцарците на референдум за намалување на имиграцијата

Новиот предлог предвидува намалување на годишната имиграција за три четвртини од сегашното ниво

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на имиграцијата. Ова е вторпат годинава да се одржува референдум за имиграцијата, по тој во февруари, кога гласачите го поддржаа воведувањето квоти за доселување и за ефикасно непродолжување на слободното движење и за граѓаните на земјите-членки на ЕУ.

Новиот предлог предвидува намалување на годишната имиграција за три четвртини од сегашното ниво, за заштита на животната средина во Швајцарија.

Швајцарија има повеќе од осум милиони жители.