Свет Европа Швајцарците имаат 41 милион евра неподигнати средства од сметки

Швајцарците имаат 41 милион евра неподигнати средства од сметки

Швајцарија денеска првпат објави листа на неактивни банкарски сметки, на кои не се забележани никакви трансакции во изминатите 60 години, за наследниците на сопствениците на тие сметки да можат да се јават и да си ги побараат средствата.

Листата се состои од имиња на 2.600 поединци и компании, наведува Швајцарската банкарска асоцијација, а пренесува агенцијата „Франс прес“.

Вкупната вредност на средствата на неактивни сметки е околу 44 милиони швајцарски франци (41 милион евра).

Наследниците имаат рок од една година да си ги побраат парите, по што истите ќе преминат во сопственост на државата.