Економија Швајцарската централна банка ќе интервенира на пазарот да го заштити франкот

Швајцарската централна банка ќе интервенира на пазарот да го заштити франкот

За дополнително да ја олабави монетарната политика, Швајцарската централна банка е подготвена на интервенција на валутниот пазар, рече потпретседателот на банката, Жан Пјер Дантхине.

– Откажувањето од одбраната на курсот значи заострување на монетарната политика. Ние го прифаќаме тоа, но само до одредена точка. Во основа сме подготвени за интервенција на валутните пазари – истакнал Дантхине.