Свет Европа Швајцарија: Евакуиран трговски центар поради дојава за бомба

Швајцарија: Евакуиран трговски центар поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Прателн“ во близина на Базел денеска е евакуиран откако анонимно лице се заканило дека ќе детонира бомба во подземната гаража на центарот, соопшти швајцарската полиција.

Локалните медиуми известија дека специјалните полициски екипи заедно со кучиња трагачи го пребарале трговскиот и оти не е откриена експлозивна направа.