Свет Свет Шумски пожари со денови беснеат во Чиле – шест лица загинаа

Шумски пожари со денови беснеат во Чиле – шест лица загинаа

Шест лица настрадаа во големите шумски пожари што неконтролирано беснеат во централниот дел на Чиле, соопштија локалните власти.

Министерот за внатрешни работи, Марио Фернандес, изјави дека загинале четири пожарникари и двајца полицајци.

Тројца пожарникари се повредени во текот на неделава, а повеќе од 4.000 лица се евакуирани.

Пожарите, кои се најголеми во последните неколку децении во оваа латиноамериканска држава, веќе со денови се шират со голема брзина и досега зафатиле 238.000 хектари, претежно слабо населени подрачја.

Во областите јужно од главниот град Сантијаго е прогласена вонредна состојба.

Мексиканските власти ги повикаа и другите земји да помогнат во гаснење на пожарот. Авион „супертанкер боинг 747“ е пратен од САД, а побарани се авиони и хеликоптери од Канада, Мексико, Аргентина, Бразил, Уругвај и од Перу.